Почнува „она главното“ во НБА: За старт, Јанис против вицешампионот, Дончиќ пак ќе ги ремети Клиперси

Лејкерс, Вашингтон, Мемфис и Бостон ги пополнија последните места, па сега плејофот може да ја преземе главната сцена и да почнат вистинските возбудувања во НБА. За вечерва, односно ноќеска, се предвидени вкупно четири натпревари, а почнувајќи од 20 часот со првиот дуел меѓу Милвоки бакс и актуелниот вицепрвак Мајами хит, ќе се назначи стартот на борбата за титулата.

Елените предводени од Јанис Адетокумбо како трета најдобра екипа од Истокот ќе сакаат да се реваншираат за раната елиминација од ланската сезона. Токму од грчката ѕверка ќе доаѓа најголемата закана, а треба да му се спротивстави Бем Адебајо како еден од најдобрите дефанзивни играчи во целата лига.

Најверојатно двете екипи десеткувани ќе влезат во првиот меч од серијата, неизвесни за настап се Мидлтон од кај Милвоки, додека Батлер ќе чека до последен момент дали неговиот грб ќе го издржи напорот. Мајами уште не може да смета на Виктор Оладипо, за што гостите може да трпат последици во нападите.

Во регуларниот дел Милвоки доби два од вкупно три меѓусебни дуели во кои реализираше 144, односно 122 поени, но ова е плејоф и ќе се игра со постегната одбрана, па можно е да се намали вкупниот број на поени.

8001 Милвоки бакс – Мајами хит, 20ч ( <225,5 поени, 1.98)

Лука Дончиќ беше трн во око на Клиперси во минатосезонската серија, иако тимот од Ел – еј на крајот се пласираше во следната рунда. Се памети неверојатна тројка во последна секунда за победа на магичниот Лука, по што стана прилично омразен лик во соблекувалната на Клиперси.

И сега се очекува од Словенецот да им прави проблеми на фаворитите во оваа серија, кои се предводени од Ленард и Џорџ. Клиперси на домашен терен отвораат без центарот Казинс, чијшто настап засега е ставен под знак прашалник.

Првото гостување сезонава на Далас во Лос Анџелес беше срамотно за Клиперси. Загуби тимот на Тајрон Лу со тешки 73:124, што е знак дека Маверикс воопшто не се плаши од тимот кој има шампионски амбиции.

8522 ЛА клиперс – Далас маверикс, 22:30ч ( 2 полувреме, 2.50)

Во 2 часот по полноќ нè очекува вистинска посластица. Новата велесила Бруклин нетс го пречекува Бостон, во серија која ветува неизвесност и максимално покажување на напаѓачките квалитети на двете екипи. Фактот што Џејлен Браун нема да настапи е тежок удар за Келтите, бидејќи нивниот шутер е доста добар дефанзивец кој би можел колку толку да го запре Дурант.

А, кога веќе се спомнува првата ѕвезда на Нетси, споена со незадржливите Харден и Ирвинг, ако им тргне шутот, црно им се пишува на бостонците. Бруклин без грешка ги доби сите четири дуели сезонава против Селтикс, што е најава дека домаќините со победа ќе ги почнат разигрувањата.

8523 Бруклин нетс – Бостон селтикс, 02ч (1 хендикеп -6,5 поени, 1.72)

Се чинеше дека ова може да биде сезоната во која Денвер ќе стигне далеку во плејофот, а можеби и да го спречи Лејкерс да стигне до големото финале, но потоа се случи повредата која го тргна Џамал Мареј од терените до крајот на сезоната.

Сепак, Нагетси предводени од фаворитот за МВП наградата, Никола Јокиќ, ја има фаворитската улога во оваа серија против Портланд, кој во финишот од сезоната изби пред актуелниот првак и директно се пласира во плејофот. Овие две екипи се сретнаа пред само пет дена во последното коло од регуларниот дел, тоа беше победата која на Блејзерси им го осигура шестото место на Западот.

А, претходно Денвер славеше во четири наврати во мечеви кои завршуваа со низок број на поени. Денвер ќе мора да се потпре и на одбраната со цел да го одбрани домашниот терен, инаку Лилард и Меколум, снајперите на Портланд може да приредат шутерско шоу.

8524 Денвер нагетс – Портланд трејлблејзерс, 04:30ч ( 1, 1.89)

На официјалната веб-страница на Sport Life, може да се најдат понудите за обложување на индивидуални учиноци во скокови, асистенции и нормално поени, односно сите три заедно. Истите може да се најдат во допуните на сите уплатни места низ земјава, кои следуваат со билтенот.

- Оглас -

Најнови вести