Македонија е подготвена за првата важна битка на ЕП 2020, а утре ривал ќе ни биде Украина.
Нашите ракометари веќе пристигнаа во Виена, во добро расположение, па со нетрпение се чека стартот на шампионатот, што за нас почнува утре од 20.45 часот со стартниот меч во групата.
Во недела ќе играме со Чешка од 16 часот, а два дена подоцна на 14. јануари ќе го завршиме настапот во првата фаза по групи со мечот против Австрија.