Почнува продажбата на билети за Вардар – Веспрем

Денеска почнува продажбата на билети за ракометниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Веспрем, а во продажба се пуштаат и влезници за мечевите од СЕХА-лигата, со ППД Загреб и со Мешков Брест, како и за последниот домашен меч на Вардар од ЛШ против Монпелје.

Целта е навивачите навреме да си обезбедат билет за следните натпревари на Вардар на домашен терен, во Лигата на шампионите и во СЕХА.

За двата натпревари во ЛШ, цената на билетите е идентична и во зависност од трибината, додека цената за натпреварите во СЕХА Газпром лигата чинат 50 денари без разлика на местото. Оние фанови со сезонски билети можат да присуствуваат на сите натпревари.

Првиот нареден домашен натпревар за Вардар е оној на 16-ти февруари, со унгарскиот Веспрем и е прогласен за меч на колото во Лигата на шампионите. Натпреварот е закажан во 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански”. Мечот со Монпелје е закажан за втори март.

Цената на поединечните билети за дуелот со Веспрем и за Монпелје се 350 денари за местата на трибина и 400 денари за блоковите А.

Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот и онлајн на www.ticketplus.mk

Од СЕХА, дуелот со Загреб е на 27-ми февруари, а со Мешков се игра на петти март. Вардар ќе игра на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата што ќе се одржи во април, а местото на домаќинот дополнително ќе биде одредено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести