Почнува СП за играчи до 20 години, фокусот кон неколку играчи

Со мечевите Мексико – Италија и Сенегал – Тахити, во 18 часот во Полска почнува Светското првенство за фудбалери до 20 години. Вечер од 20.30 ќе се сретнат Јапонија – Еквадор и Полска – Колумбија.

Ова е 22-рото СП во оваа возрасна категорија, а најуспешни се Аргентина со шест (последен пат во 2007) и Бразил со пет светски титули (последен пат во 2011). Верувале или не, овојпат го нема Бразил на листата на учесници.

Некои од најталентираните играчи нема да се појават на првенството, но сепак скаутите и публиката ќе имаат што да видат. Шестмина играчи на кои треба да се обрати посебно внимание се: Италијанецот Лука Пелегрини од Калјари, Португалецот Диего Далот од Манчестер јунајтед, Французинот Муса Дијаби од ПСЖ, Американецот Тим Веа од ПСЖ, Хуан Камило Ернандес, кој игра за Уеска, а настапува за селекцијата на Колумбија, и Полјакот Давид Копач, кој е член на Штутгарт.

Титулата ја бранат Англичаните, а златната топка на претходниот шампионат беше Доминик Соланке, пред Уругваецот Федерико Валверде од Реал Мадрид. Во минатото, за најдобри играчи на СП У-20 биле прогласувани и сегашни ѕвезди како Пол Погба, Лионел Меси и Серхио Агуеро.

- Оглас -

Најнови вести