Почнува светското кадетско првенство, целта е пласман во главната рунда (Фото)

Кадетската репрезентација на Македонија денес го започнува настапот на Светското ракометно првенство кое се одржува во Хрватска. Македонија е во групата “Ф“ која се игра во салата “Замет“ во Ријека заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и Грузија.

За нашата репрезентација ова е второ учество на кадетско Светско првенство, после она во Скопје пред две години кога завршивме на 15-тото место. Оваа генерација на ракометари минатата година го освои првото место на ЕХФ шампионатот во Рига и обезбеди пласман на ова Светско првенство, но и на Европското првенство следната година.

Светското првенство го започнуваме со дуел против најголемиот фаворит во нашата група, репрезентацијата на Норвешка, која загуби на сите подготвителни натпревари. Изненадување и победа на Македонија на денешниот дуел кој започнува во 17:30 часот носи одлична квота, 15.

Сепак, шансата за пласман во следната фаза ќе ја бараме на дуелите против Црна Гора и Грузија, со оглед на тоа дека најдобрите селекции од секоја група обезбедуваат пласман во главната рунда, додека останатите ќе разигруваат во Президент купот.

- Оглас -

Најнови вести