Светското првенство во ракомет на кое ќе учествува и Македонија започнува денеска, и ќе трае до 2 февруари, а ќе се одржи во Хрватска, Данска и во Норвешка. Првиот ден ќе понуди четири натпревари. Првенството ќе биде отворено со натпреварот помеѓу Италија и Тунис во Хернинг во 17:30 часот, а два натпревари ќе се играат во Пореч.
Најатрактивен натпревар на денот ќе биде оној меѓу Франција и Катар во групата Ц, кој се игра во Пореч. Франција, како и секогаш, важи за еден од фаворитите за освојување на титулата, но Катар е тежок противник со низа играчи од други земји, како Куба, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тие се предводени од селекторот Веселин Вујовиќ.
Во истата група, подоцна ќе се одигра натпреварот помеѓу Австрија и Кувајт.
Данска, која е актуелен трикратен освојувач на трофејот на Светското првенство, е голем фаворит за четврта последовна титула и мундијалот го стартува против Алжир.
Можете да се обложите и кој ќе го освои пехарот на Светското првенство, кои селекции ќе играат во финалето, кој ќе биде најдобар стрелец во врвните селекции на мундијалот, и уште многу, многу други игри.
Тука е и Бет билдер понудата за ракометните мечеви.