Вклучувањето на Пол Погба во составот на Монако за вечерашното гостување кај Рен, предизвикува големо внимание, бидејќи еден од најдобрите француски фудбалери во последната деценија, иако има 32 години, може дури сега да дебитира во француската Лига 1.
Погба ја одлежа 18-месечната суспензија поради допинг, нема играно меч од септември 2023 кога беше во Јувентус, во последните три сезони има само 12 настапи, и затоа неговиот камбек се чека со нетрпение.
Освен за Јуве има играно и за Манчестер јунајтед, додека за националниот тим има 91 настап и беше дел од генерацијата која во 2018 година стана светски првак.

