Неколку дерби-пресметки ширум Европа се главниот предизвик за играчите во 21-вото коло сезонава на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.
Типувањето е веќе отворено и ќе трае до сабота во 14 часот, кога се игра првиот од 13-те понудени натпревари од основната понуда. Резервните парови се бројат само за генерален пласман.
Викендов ќе има неколку интересни дуели, како Борусија Дортмунд – Баерн Минхен, Арсенал – Челзи, Бетис – Севиља, Рома – Јувентус. Иако уште е рано да се вадат заклучоци, сепак само по 24 часа од почетокот на терминот за типување, јасно е дека фаворити на мнозинството од оние кои веќе прогнозирале се Баерн, Арсенал и Бетис, додека за мечот во Рим, Јуве е речиси „отпишан“, само 18,1 отсто типувале на победа на Старата дама, а по околу 41 отсто сметаат дека ќе биде нерешено или ќе победи Рома.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


