15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Почнуваат првенствата во Хрватска и Австрија, Бриж фаворит во Белгија

3141 Локомотива – Вуковар (20 ч.)

Со овој меч започнува новото првенство во Хрватска. Вуковар е тим кој минатата сезона беше прв во Втората лига и обезбеди влез во елитата, додека Локомотива едвај се спаси да не испадне.

Токму затоа овој меч, иако е прво коло, ќе биде многу значаен за двата тима, а улогата на фаворит сепак ја има поискусниот прволигаш.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.13)

 

1655 Мехелен – Бриж (20:45 ч.)

На три од последните четири меча на овие два тима имало погодоци во двете мрежи, што е најава дека може да се очекува нов возбудлив дуел.

Бриж има три победи и три ремија во последните шест пресметки со Мехелен, а и сега се знае кој е во улога на фаворит.

Предлог тип: 2&2-5 (2.23)

 

1901 Ласк – Штурм (20:30 ч.)

Штурм е многу поквалитетен тим од Ласк, а тоа го потврдуваат и резултатите од меѓусебните дуели. Најчесто овие екипи играат отворен фудбал од двете страни и има многу погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00)

 

2801 Фредерика – Копенхаген (18 ч.)

Очекувано е тоа што Копенхаген во новата сезона стартуваше со две победи по ред. Фредерика е екипа која до минатата сезона играше во Втората лига, па секако за неа е предизвик да биде домаќин на еден од најдобрите тимови во Данска.

Ќе биде вистинско изненадување ако домаќините останат непоразени.

Предлог тип: Т2 1+I & 1+ II (1.91)

 

1811 Шалке – Херта (20:30 ч.)

Некогашните гиганти во германскиот фудбал сега играат во првото коло од Втората лига. Веќе неколку сезони постои ривалството на овие екипи во Цвајте. Интересна е традицијата која вели дека на деветте последни пресметки секогаш имало три или повеќе погодоци, а дури осумпати било ГГ3+.

Тоа е само најава за нова возбудлива пресметка која вечерва треба да се игра во Гелзенкирхен.

Предлог тип: ГГ3+ (1.79)

 

- Оглас -

Најнови вести