2701 Хонка – Лахти (17 ч.)
Хонка во шест меча на домашен терен има четири победи и две нерешени без пораз, па не случајно и сега се фаворити против екипата која е на претпоследното место на табелата.
Лахти ја има убедливо најслабата одбрана со дури 29 примени гола во 14 меча. Во последните три меѓусебни дуели Хонка лесно победуваше и тоа со 2:0, 4:0 и 3:2.
Предлог тип: 1&3+ (2.19)
2801 Мидтјеланд – Рандерс (19 ч.)
Почеток на данското првенство, а Мидтјеланд кој минатата сезона само за три бода не стана шампион, сега сигурно повторно ќе атакува на највисок пласман.
Традицијата вели дека Мидтјеланд е апсолутен фаворит бидејќи има 14 победи и само две нерешени во последните 16 меча со овој ривал.
Предлог тип: 1-1 (2.30)
1276 Сент Патрик – Дундалк (20:45 ч.)
Две екипи кои се во горниот дел од табелата во ирското првенство. Двете екипи имаат квалитетни одбрани, а во последните три меѓусебни средби имало само два погодоци. Дундалк на пет од последните седум средби кои ги одигра во последните два месеци, одигра со максимум еден погодок, што е само уште една најава дека не би требало да има многу голови.
Предлог тип: 0-2 (1.71)
1811 Кајзерслаутерн – Хановер (20:30 ч.)
Кајзерслаутерн успеа од трета да напредува во втората германска лига и првиот меч го има на свој терен што е дополнителн мотив за фудбалерите и домашните фанови. Хановер минатата сезона заврши на средината на табелата, а интересно е дека овие два тима немаат одиграно меѓусебе во последните пет години.
Кајзерслаутерн цели 16 години чека да се израдува на триумф над Хановер и ова е добар момент да се сопре оваа голема низа без радост.
Предлог тип: 1 (2.55)
3302 Заглебје – Сласк (20:30 ч.)
Две екипи кои минатата сезона едвај се спасија да не испаднат од првата полска лига. Сласк е експерт за нерешени резултат, а секако бод освоен на ова гостување ќе биде одличен за нив.
Заглебје игра отворен фудбал и може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.92)