На две столчиња не се седи – Почудно здравје, бунтот на неговиот клуб го принуди да си даде отказ

Чудната епизода во белгискиот фудбал, во која во фокусот беше Генк, доведе до оставка на претседателот на Жупилер лигата, Петер Кронен.

Кронен, кој истовремено е прв човек на Генк и на Првата белгиска лига, се најде во мат-позиција откако неговиот клуб го доби спорот против Жупилер лигата на суд.

Генк протестираше против распоредот на натпревари што беше скроен за јануари, а ќе имаа големи проблеми со отсутни играчи на Африканскиот куп на нациите, дури деветмина и уште неколку за квалификациски мечеви за Мундијалот во Катар, што треба да се играат во Јужна и Северна Америка и во азиската зона.

Кронен беше ставен во позиција да биде претставник на Генк во бунтот против раководството на лигата чиј претседател е тој, па одлучи да ја разреши невозможната ситуација со оставка на местото прв човек на Жупилер лигата.

Генк ја доби битката, па сега допрва се очекува да се скрои нов распоред, што нема да го дискриминира клубот во услови кога ќе му недостасува повеќе од еден цел тим во јануари.

 

- Оглас -

Најнови вести