Почнува сослушувањето на Манчестер сити, им се заканува одземање на 30 бода!

Во понеделник и официјално започнува сослушувањето и презентацијата на доказите за процесот кој се води против Манчестер сити, а според информациите, тоа ќе трае околу два месеца, па дури потоа ќе биде донесе одлука.

Шампионот на Англија е обвинет за прекршување на финансискиот ферплеј, како и за криење на документација за финансиското работење. Според медиумите од Островот, доколку Граѓаните бидат прогласени за виновни, им се заканува казна од одземање 30 бода.

Против Манчестер сити е покренато обвинение по 115 точки за прекршоци сторени во изминатите 14 сезони. Според некои шпекулации, можно е дури и одземање на некои од титулите кои ги освоија и доделување на други екипи.

- Оглас -

Најнови вести