Две одлични мундијалски победи на „гостите“ се очекуваат на Светското првенство во Катар, а во Супертипот на Sport Life квотите се одлични. Мароко да слави над испаднатата Канада има квота од 2.16, додека Шпанија, која е апсолутен фаворит против Јапонија, има „двојка“ со вредност од 1.53.
Освен мундијалските возбудувања, денеска има одлична понуда и за оние кои повеќе сакаат кошарка или ракомет. Во Евролигата се играат неколку возбудливи дуели каде што се очекува Барселона да слави на гости во Берлин против АЛБА, додека европскиот првак Анадолу Ефес дома нема да дозволи изненадување против Олимпијакос. Им вкупно пет кошаркарски дуели, додека од Лигата на шампионите во ракомет на понудата се сите три денешни средби.