Реал Мадрид е на чекор од освојување на титулата во Шпанија. Пред Кралскиот клуб се уште четири кола во кои треба да ја задржи предноста што ја има пред најголемиот ривал Барселона. Фудбалерите на Зинедин Зидан вечерва во Мадрид играат против Алавес, во меч на кој домаќините се огромни фаворити.
Реал е еден од трите клуба во Топ 5 лигите кои имаат перфектен биланс по враќањето на теренот во екот на Коронавирусот. Мадридскиот гигант и вечерва треба да продолжи со стоостотниот ефект, затоа што за ривал го има тимот кој има пет порази во низа и е во долниот дел од табелата.
Кога игра на свој терен, Реал сезонава има 13 победи, четири реми и ниту еден пораз. Алавес е вториот најслаб тим на гостински терен со само девет освоени во бода во 17 средби. Токму затоа гостите и нема што да бараат во Мадрид.
Реал во последните четири кола доста се мачи во нападот, па последните два гола ги даде Серхио Рамос од пенал за минимални победи против Атлетик Билбао и Хетафе. Еден гол беше доволен и за победа над Еспањол, а со 2:0 славеше против Мајорка.
Кога се работи за меѓусебните дуели со Алавес, Реал има 11 победи во последните 12 средби со овој ривал. Во сите тие 11 победи, на крајот имало најмалку три погодоци на средбите. Едноставно време е Реал да се разигра и да даде повеќе погодоци и средбата во Мадрид да заврши со 3+ и нормално победа на Реал.
Комплетната понуда за овој, но и за сите денешни мечеви ја имате на Sport Life.