Подарок на денот: Роналдо сигурно дава гол против Њукасл, коефициентот за тоа е одличен

Манчестер јунајтед вечерва ќе гостува на „Сент Џејмс парк“ против Њукасл, а ова ќе биде меч со посебен мотив за Кристијано Роналдо. Поради проблеми со заразени фудбалери со корона-вирусот, Црвените ѓаволи ги одложија последните два меча, а сега се подготвени да се борат за нови три бода.

Њукасл важи за противник против кого Кристијано Роналдо има одлични спомени. На 13 јануари 2008 година Манчестер јунајтед со убедливи 6:0 го победи Њукасл, а Роналдо за првпат во кариерата постигна хет-трик.

Тогаш младиот Португалец погодуваше во 49-тата, 70-тата и 88-мата минута, а покрај него, во листата на стрелци се запишаа и Карлос Тевес (два гола) и Рио Фердинанд.

Њукасл беше прв противник на Роналдо и по враќањето во Манчестер пред неколку месеци, а Португалецот повторно имаше шоу. Роналдо даде два гола за голема радост на „Олд Трафорд“ и победа против Њукасл.

Во Sport Life одлична е понудата за Роналдо да постигне барем еден гол вечерва. Гол на Португалецот против Њукасл вреди коефициент 1.70.

Во понудата за стрелци ги има и Маркус Рашфорд (2.50 коефициент) и Бруно Фернандеш (2.90 коефициент).

- Оглас -

Најнови вести