Ливерпул направи пресврт и повторно го победи Тотенхем, а Црвените од „Енфилд роуд“ треба да му се забагодарат на Сeрж Орие за непотребниот старт во 75-тата минута, кога во ситуација што не беше директна закана за гол го фаулираше Садио Мане за пенал.
Мохамед Салах беше непогрешлив и го комплетираше пресвртот за голема победа во дербито со Тотенхем. Мечот почна одлично за гостите од Лондон, а Хари Кејн им донесе предност само по 50 секунди игра.
Хендерсон израмни на 1:1 во 52-рата минута, а Салах беше ладнокрвен и прецизен од белата точка за победа од 2:1 во репризата од ланското финале во Лигата на шампионите, кога Ливерпул го победи Тотенхем со 2:0 и ја освои европската круна.
https://www.youtube.com/watch?v=z-ohN0krGpQ
Конечно се разигра и Манчестер јунајтед и го победи Норвич со 3:1 на гостински терен. Скот Мек Томинеј со гол во 21-вата минута означи убав јубилеј за Црвените ѓаволи и го постигна 2.000 погодок за клубот во Премиер лигата.
Интересно е што Маркус Рашфорд и Антони Марсијал утнаа удари од белата точка во првото полувреме, но и постигнаа по еден гол за убедлив триумф. Ернандес беше стрелец на почесниот погодок за домаќините.
Вистински подвиг приредија играчите на Кристал палас со реми 2:2 во Лондон против Арсенал, Топчиите имаа убедливи 2:0 со головите на Луиз и на Сократис во седмата и во деветтата минута, но гостите успеаја да израмнат со погодоците на Миливоевиќ од пенал и на Ају и освоија голем бод кај фаворитот.