Јувентус денеска треба и официјално да го добие своето ново засилување, Србинот Филип Костиќ, кој доаѓа од Ајнтрахт.
Старата дама објави фотографии и снимки од првите моменти на 29-годишниот Костиќ по слетувањето на аеродромот во Торино. На ред се лекарски прегледи, па потпишување на договорот.
Инаку вчера имало опасност од пропаѓање на договорот откако Ајнтрахт од Јуве побарал уште 2 милиони евра плус да им бидат платени во фиксниот дел од договорот. Проблемот е решен и Костиќ денеска треба да потпише тригодишен договор со најтрофејниот италијански клуб.
Инаку, денеска му е роденден на тренерот Масимилијано Алегри, полни 55 години и доаѓањето на Костиќ му е како роденденски подарок од раководството на клубот.
https://twitter.com/i/status/1557654965006602241