Квотите на денот за недела што ги објави Sport Life се мајсторски погодени и за сите обложувачи што само ги препишаа на тикет, им донесоа убав ќар со вкупен коефициент 50.
Стандардната игра е една од најпопуларните за обложувачите, а петте натпревари се секогаш истакнати на видливо место во објектите на Sport Life.
Уште полесно е да се одиграат со по еден клик на интернет-страницата на обложувалницата ако имате СЛ картичка.
Прецизно вчера беше погодено дека Манчестер сити ќе даде барем еден гол во првото полувреме и вкупно најмалку 3 на целиот меч со Вулверхемпон, а конечниот резултат е 3:0 (1:0).
Борусија Дортмунд и Аугсбург се изнадаваа голови на култниот „Ветсфален“ и мечот заврши со победа на Милионерите од 4:3 (2:2), а во Квотите на денот беше запишано дека домаќините ќе дадат од 1-3 гола во двете полувремиња.
Арсенал и Манчестер одиграа спектакуларно дерби во Англија, а Топчиите победија со 3:2 (1:1), со што е погоден предлогот во Квотите на денот со игра 1-3I&1-3II.
Рома ја победи Специја на гости со 2:0 (1:0), а фатен е типот 2&1+II и за крај Јувентус и Аталанта одиграа нов фантастичен неделен меч со резултат 3:3 (2:1), а и тука предлогот во Квотите на денот да се одигра 1Х&ГГ е погоден.
Коефициентите се движеа од 1.90 до 2.50, а веќе има обложувачи што ни испратија тикет со одиграни пет предлози од Квотите на денот за недела.