15.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Факт кој вели дека Интер може да почне да подготвува славје за Скудетото

Интер синоќа го доби дербито против Аталанта и славеше минимално со 1:0. Погодокот што значеше радост за домаќините беше постигнат на почетокот на второто полувреме, кога Милан Шкрињар ја затресе мрежата на гостите.

Тоа што е многу важно за Нераѕурите е дека погодокот го постигнаа од само еден прецизен удар упатен кон противничкиот гол. Последен пат Интер победил со само еден директен прецизен удар кон противничкиот гол во април 2009 година на мечот против Удинезе. Тоа беше шампионска сезона за Интер, бидејќи на крајот заврши како прв во Серија А со 84 бода, дури 10 повеќе од вторито Јувентус.

За Нераѕурите ова беше седма победа по ред во првенството и стигна вкупно до 62 бодови по 26 одиграни меча. Откако во Серија А започнаа да се доделуваат по три бода за победа, Интер само по втор пат има 62+ бодови на своето конто до овој дел од сезоната.

Претходно тао им се слулило во сезоната 2006/07 кога по 26 кола имаа дури 70 бода и на крајот лесно стигнаа до титулата со вкупно 97 бодови, дури 22 повеќе од второпласираната Рома која заврши со 75. Ако се гледаат овие податоци, но и фактот дека Интер и сега е лидер со шест бода пред вториот Милан, навивачите на гигантот од „Џузепе Меаца“ може да почнат да се подготвуваат за Скудетото.

 

- Оглас -

Најнови вести