Спортманија во Лозана
Вардар не е само Скопје, Вардар е Македонија. Македонци од сите страни на нашата земја дојдоа во Лозана да му дадат поддршка на најтрофејниот клуб на гостувањето во Швајцарија.
Ги има и радовишани, скопјани, прилепчани, нашинци кои живеат и работат во Швајцарија, а денеска специјално дојдоа да навиваат за Вардар.
Прилепчанец кој во родниот град му бил сосед на тренерот Гоце Седлоски, а сеа живее во Цирих исто така дојде да даде поддршка.
Велат конечно дочекавме македонски тим да дојде во Швајцарија. Вардар првпат гостува во оваа земја, каде што живеат доста нашинци.