15.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Поделба на бодовите во Фиренца

Фиорентина и Лацио ремизираа при конечни 1-1 во мечот кој се одигра во рамките од 27-мото коло во Серија А. „Виолетовите“ и во петтиот обид во низа не успеаја да остварат позитивен резултат против „лацијалите“ од Рим.

Гостите поведоа во 23-тата минута со погодокот на Чиро Имобиле, кој воедно беше негов 13-ти сезонава во италијанскиот шампионат. За израмнувачкиот гол се чекаше до 61-вата минута, а Луис Муриел беше прецизен и издвои бод за својот тим од овој дуел.

Лацио по 27 меча во Серија А, стои на седмото место со 42 бода, Фиорентина има пет помалку и е на 10-тата позиција по вкупно 13-тото реми.

- Оглас -

Најнови вести