26.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Поделба на бодовите во Кавадарци: Тиквеш и Работнички ремизираа

Петтиот меч од првото коло на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига го донесе и првиот натпревар кој заврши најнепопуларниот резултат, 0-0. Тиквеш и Работнички ги поделија бодовите на „Градскиот стадион“ во Кавадарци, односно и двете екипи освоија по бод, откако не успеаја да постигнат гол.

Двете екипи имаа свои шанси, но голманите Стевковски и Василев беа на висината на задачата и не дозволија нивната мрежа да биде затресена.

Првото коло ќе биде затворено утре со мечот помеѓу Силекс и Брера во Кратово, додека на претходните натпревари победи забележаа Вардар, Шкендија и Струга, а Башкими и Арсими одиграа нерешено.

Фото: ФФМ/ffm.mk

- Оглас -

Најнови вести