Реал Мадрид го претстави дресот кој ќе го користи за гостински натпревари во новата сезона 2022/23.
Дресот со виолетова нијанса ги подели мислењата на навивачите на европскиот шампион. Иако не е првпат да Адидас да посегне по ваква слична нијанса, мадридистите едноставно сметаат дека виолетовата боја не припаѓа на Кралскиот клуб.
https://twitter.com/realmadriden/status/1542787593820971010
Инаку, поинтензивна нијанса на виолетова боја Кралевите носеа во сезоната 2016/17, кога ја освоија 12-тата титула во Лигата на шампионите. Токму со виолетовиот дрес играа во финалето против Јувентус.