Македонската фудбалска репрезентација утре во Никозија ќе го игра последниот меч од групната фаза во Лигата на Европа против Ерменија. Ова е директен дуел за првото место во групата. По пет кола, Македонија е лидер со бод повеќе од Ерменија, што значи дека на нашата селекција доволно ќе ѝ биде да не загуби.
Селекторот Игор Ангеловски го предводеше тренингот и сите очекуваме Македонија да ја продолжи низата без пораз, која трае во текот на цела 2020 година. Последниот пораз Македонија го имаше точно пред една година, односно на 16 ноември 2019 година, на гостувањето кај Австрија со 2:1. По тој пораз, Македонија одигра осум меча и се радуваше петпати, а три дуели завршија нерешено.