Подготвени условите за продолжување на Серија А

Италијанската Серија А треба да продолжи на крајот од мај, соопшти министерот за спорт во оваа земја, Винченцо Спадафора. На состанокот одржан со претседателот на италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриел Гравина, договорено е на Апенините да нема фудбалски активности до 13 април.

И клубовите имаат свои планови за тоа како да се подготват за продолжување на првенството. Фудбалерите ќе бидат под постојана контрола, ќе им се зeмаат брисеви и ќе бидат тестирани за Коронавирусот, а во меѓувреме ќе бидат во максимална изолација.

Во еден таков случај нема да има ризик групирање на фудбалерите и заеднички тренинзи. Клубовите в петок треба да имаат работен состанок. Се очекува првенството да започне на 20 мај, евентуално најдоцна на 24 или 31 мај. До крајот на Серија А остануваат да се доиграат уште 12 кола.

- Оглас -

Најнови вести