Подгответе се: Наскоро почнува новата сезона на Спортска прогноза!

Заедно со почетокот на фудбалската сезона 2020/21 се враќа и Спортската прогноза на Sport Life и Спорт Манија. Од следната работна недела стартува третата сезона на бесплатната игра преку која може да се дојде до главниот подарок iPhone XS.

Шемата останува иста, 13+2 парови, повеќето од топ-5 лигите во Европа, ќе се нудат секој вторник, на кои ќе биде потребно да се типува победа на домаќинот или гостинот, односно ќе нема победник. Едноставна, а доста интересна игра за која не се потребни средства за да се учествува, туку само Sport Life Клуб картичката на Sport Life.

Веќе е јасно дека е потребно се точно да се прогнозираат сите 13 парови за да се дојде до „ајфонот“, а тука се и подароците во облик на ваучери за еден промашен, односно два промашени пара.

Двата резервни пара се сметаат во Генералниот пласман, каде што за прво место се добива Смарт ТВ. Таа трка трае цела сезона, односно победува прогнозерот кој има најмногу точни прогнози на крајот од сезоната. Секако, има подароци за пласираните од второ до петто место во Генералниот пласман – SL Kлуб поени.

Затоа прогнозери, подгответе се за новата сезона во која се очекува уште повозбудлив тек на настаните!

 

- Оглас -

Најнови вести