Подгответе се за нова ера во фудбалот – „Марка“ му бара засилувања на Реал Мадрид со користење на вештачка интелегенција

Реномираниот шпански медиум „Марка“ го најави идниот тренд во фудбалот во соработка со фирмата „Олочип“ која се занимава со технологијата на вештачка интелегенција, а направена е анализа на можни засилувања во одбраната на Реал Мадрид.

„Не правевме традиционални квантитативни анализи, кои покажуваат податоци само за познатите категории како што се голови, асистенции, број на додавања, одземени топки…, туку и анализи за тоа какво влијание би имал играчот на тимот. Биравме стопери од повеќе од 50 различни натпреварувања, услов беше да се помлади од 28 години и да имаат најмалку 500 минути проведени на терен“, објавија од Марка.

Во соработка со „Олочип“ избрани се пет стопери што би биле идеални за реал, а тоа се Жил Кунде од Севилја, Маркос Сенеси од Феенорд, Пау Торес од Вилјареал, Мануел Аканџи од Борусија Дортмунд и Свен Ботман од Лил.

Заклучокот е дека Холанѓанецот Ботман би бил најдобар во најмногу сегменти, во одземање на топката, во блокирани удари и во скок игра, а блиску до него е и Кунде. Пау Торес најмногу ги помогнал во почетната фаза на изградба на нападот, бидејќи е најдобар техничар од понудените стопери, а останува да се види дали Реал Мадрид ќе ја искористи анализата на „Марка“ и „Олочип“ за да ангажира нови стопери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести