21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Подмладената кошаркарска репрезентација вечерва на мегдан со Швајцарија

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот во салата „НБ Ноел“ во Негорски Бањи против Швајцарија ќе го одигра својот прв подготвителен натпревар и ќе се покаже до каде е стигнат во моментов тимот на селекторот Марјан Илиевски.

Тимот се подготвува за претквалификациите за Светското првенство 2027, првиот официјален меч е на 2 август во Куманово против Романија, па денешниот и утрешниот тест против Швајцарија добро ќе му дојдат на подмладениот состав.

Во драстично подмладената Македонија, највозрасни се Џејкоб Вајли со 31 и Андреј Магдевски со 30 години, има неколку дебитанти. Отсуството на повеќемина искусни репрезентативци ќе биде проблем, но ќе постои голема желба за докажување.

Магдевски е новиот капитен и наследник на Војдан Стојановски.

„Голема чест ми е што ќе го заменам Војдан ова лето. Со капитенската лента доаѓа и поголема одговорност на теренот, како и во соблекувалната. Ќе се обидам атмосферата во екипата да остане како што била и до сега, и на теренот сите да продолжиме да играме за тимот и да гинеме за секоја топка“ – вели плејмејкерот.

- Оглас -

Најнови вести