Женската фудбалска репрезентација на Македонија со гостински дуел против Азербејџан го отвора новиот циклус квалификации за пласман на Светското првенство.
Подмладениот состав ќе има тешка задача, со оглед на фактот дека против себе ќе има селекција од која секогаш губевме во минатото. И за денешниот меч противникот е фаворит со квота од 1.56 во понудата на Sport Life. Изненадување и триумф на Македонија во Баку има квота од 5.35.
Против Азербејџан имаме одиграно два натпревари и двапати бевме поразени. Во 2008 година загубивме со 2-1 во Баку, а следната година доживеавме дебакл и пораз од 4-0 на меч кој се одигра во Тбилиси, Грузија.


