Подновени квотите за освојувач на Лигата на шампионите, Ливерпул и Сити се топ фаворити (Фото)

После пет одиграни кола во фудбалската Лига на шампиони, остануваат уште три до крајот на лигашкиот дел, кај некои клубови растат, а за други паѓаат квотите за освојување на елитното европско натпреварување.

Манчестер сити и Реал Мадрид беа главни кандидати за трофејот пред стартот на сезонава, но овие два тима најверојатно ќе мора да играат и дополнителен плејоф пред да влезат во осминафиналето.

Квотите за Сити и Реал пораснаа, па сега Граѓаните не се сами на врвот, исти шанси како на нив, му се даваат и на Ливерпул. Барселона е тим за кој квотата паѓа, па Барса е трети фаворит за освојување на трофејот, а зад нив на листата се Реал, Арсенал и Баерн Минхен.

Се зголемуваат шансите и на Интер, Леверкузен, Астон Вила, а се намалуваат на тимови како ПСЖ и Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести