Во натпревар од третата романска лига, фудбалерот Роберт Асавоеи постигна гол каков што ептен ретко се гледа и веројатно ќе биде кандидат за наградата „Пушкаш“ за најубав гол во 2020 година.
Мајсторијата на Роберт ги воодушеви сите и затоа снимката стана хит во целиот свет. Не е потребно многу да се опишува голот, само ќе кажеме дека станува збор за „скорпија“, удар каков што пред 25 години имаше колумбискиот голман Рене Игита на меч против Англија и тој потег уште важи за најспектакуларна одбрана во историјата на фудбалот.
Погледнете го голот кој е предизвик и за Златан Ибрахимовиќ, кој има давано супер голови на разни начини, но не и вака:
https://www.youtube.com/watch?v=V4xSQib9Q6A