Со малку подолга коса и брада отколку претходно, Кевин Де Бројне после долго време се појави на тренинг на Манчестер сити, со што најави дека неговото враќање на фудбалските терени е блиску.
Белгиецот кој е еден од клучните играчи на Сити, се повреди на првиот меч сезонава во август, и има играно само 23 минути, па веријатно ќе му треба време додека се врати во ритам, но Граѓаните веруваат дека за клучниот дел од сезоната, тој ќе биде во топ форма.
Утре во саудискиот град Џеда, актуелниот европски првак игра против јапонски Урава редс во полуфиналето на Светското клупско првенство.