Макс Ферстапен победи на патеката во Зандворт во Холандија и ја израдува домашната публика, која чекаше трка во Формула 1 цели 36 години.
Последен пат во Занндворт се возеше во 1985 година и паузата траеше се до денеска, а заврши како што посакуваа домаќините. Ферстапен беше сигурен и убедливо најбрз и ја забележи 17-та победа во кариерата и седма оваа сезона.
Join us LIVE from Zandvoort for all the build up as F1 returns after 36 years!#F1 https://t.co/FKXkXVyjEX
— Formula 1 (@F1) September 5, 2021
Втор заврши Луис Хамилтон, а на подиумот место имаше и за третопласираниот Валери Ботас.