32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Подобро нека се одложи цело коло: Ковид-19 „удри“ по екипите во Англија

Омикрон варијантата од вирусот ковид-19 „удри“ навистина силно по екипите во Англија.

Досега дури половина од натпреварите се одложени во Премиер лигата поради голема заразеност на тимовите, а мака мачат и тие од пониските лиги.

Најмалку по пет средби од втората, па и во секоја професионална лига на Островот се одложени поради висока заразеност.

Сепак, челниците на Премиер лигата и ФА сè уште не донеле никаква одлука иако најверојатно денеска ќе се согласат со барањата на екипите да се одложи ова коло, како и натпреварите од Лига купот кои се играат во текот на наредната недела.

Ако останат со непроменета одлука, утре на теренот од 16:00 часот ќе истрчаат екипите на Астон вила и Барнли, додека од 18:30 ќе играат Лидс и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести