Подобро нешто отколку ништо за Рајо, Столе измамен во финишот

Рајо Валјекано имаше убава прилика да го победи Бетис и на новиот тренер Пако Хемес кој неодамна ја презеде екипата, да му подари триумф, но во 81 минута еден шут на Кристијан Телјо се одби од дефанзивец на Рајо и топката тргна во друг правец, измамувајќи го голманот Столе Димитриевски. После овие 1-1, Рајо остана претпоследен на табелата, со пет бода помалку од 17-тиот Вилјареал кој е прв над „линијата за испаѓање“.

Рајо имаше серија од седум порази по ред, последната победа му е на гости кај Алавес на 28 јануари, па и овој бод е барем прекинување на црната серија. Тренерот на Рајо има низа од 17 меча без победа. Тој на последните 16 средби како предводник на Лас Палмас не освои три бода, а малерот го префрла и во малиот мадридски клуб.

Голот за Рајо Валјекано го даде Раул Де Томас, кој има 12 од вкупно 31 погодоци за тимот од Мадрид сезонава.

Бетис е екипа која е опасна во финишот, една третина од своите голови сезонава ги даде после 80-та минута.

- Оглас -

Најнови вести