Ремек-делото на капитенот на Еспањол, Давид Лопес и снаодливоста на најдобриот стрелец на тимот Борха Иглесијас му донесоа вредна победа на тимот од Барселона против Леганес.
Потегот на Лопес, кога со удар од 40 метри го изненади Куељар и ја погоди пречката го искористи Иглесијас за деветти гол во деветтата минута од мечот против Леганес. Подобро од асистенција и доволно за победа од 1:0, прва во 2019 година за Еспањол.
Гостите во финишот на мечот останаа со фудбалер помалку, по исклучувањето на Гумбау и го претрпеа седмиот пораз. Долго во сеќавање ќе им остане прекрасниот удар на Лопес, момент што го одлучи победникот.
https://www.youtube.com/watch?v=EeBg6GwEYkU