30.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Подобро се чувствува играчот кој половина час лежеше на теренот со тешка повреда на главата

Фудбалерот на Лил Анхел Гомес се чувствува подобро и се опоравува во болницата по повредата здобиена за време на мечот против Реимс. се играше 11 минута кога Гомес се судри со Амаду Коне од Реимс и остана да лежи на земја.

Речиси половина час лекарите му даваа прва помош на повредениот Гомес, кој подоцна на носилки беше изнесен на носилки и беше префрлен во болница. По дури 34 минути прекин, мечот продолжи.

Гомес ја започна кариерата во Манчестер јунајтед каде во 2020 година направи трансфер во Лил. Ги помина сите младински категории во англиската репрезентација, а беше дел од Гордиот албион за играчи до 17 години кои станаа светски шампиони во 2017 година. Шест години подоцна го освои и Европското првенство на турнирот за играчи до 21 година.

 

- Оглас -

Најнови вести