Лукаш Подолски се пофали со селфи од трибина на стадионот во Краков, каде што беше со гостинските навивачи, бодрејќи го својот тим Горник Забже.
Полскиот Германец, кој има 40 години и пред 11 години освои Светско првенство со германската селекција, последниот меч за Горник го одигра на крајот на август и оттогаш паузира поради повреда на листот на ногата.
Не можеше да игра, но со ултрасите од навивачката група Торцида Горник отпатува во Краков за да им даде поддршка на средбата со Краковија, која заврши 1-1.
На разголениот Полди му беше топло и се соблече гол од половина нагоре, а во саботата вечерта во Краков температурата беше само 9 степени Целзиусови.