ПОДАРОК НА ДЕНОТ: Тотенхем го игра првиот меч на новиот стадион – зар може да е нешто друго освен „кец“

Тотенхем конечно го доби својот нов долгоочекуван стадион. Новиот дом на лондонскиот тим веќе е пуштен во употреба, а младинските екипи на Тотенхем веќе одиграа еден натпревар. Сепак, тоа главното е вечерва. Сениорскиот тим на Тотенхем го игра првиот меч на овој стадион, кој во следните децении треба да биде нивни дом.

Кристал палас ќе ја има честа да биде ривалот кој ќе се обиде да го расипе славењето во Лондон. Освен за историјата и аналите, на Тотенхем победата им е повеќе од потребна и за борбата за табелата во Премиер лигата. Тимот на тренерот Маурисио Покетино е во криза и на последните пет средби во шампионатот има четири порази и едно реми.

Поради овие очајни резултати, Тотенхем го загуби третото место, но уште е на позиција која води во Лигата на шампионите за следната сезона. Тоа е и приоритет до крајот на сезоната.

„Најубавиот стадион во свет мора да биде дел од Лигата на шампионите. Ќе биде навистина штета ако следната сезона не играме во ЛШ. До крајот ќе се бориме и верувам дека ќе успееме да бидеме дел од елитата во Европа. До крајот на сезоната ни остануваат седум меча, од кои пет ги играме на наш терен и мора да го дадеме најдоброто од нас за да успееме“, вели Покетино.

Раритет е тоа што последните пет меѓусебни дуели на овие два тима завршувале со резултат 1-0, што е најдолга серија на ист резултат на две екипи кои се во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести