Ајнтрахт Франкфурт е изненадувањето во осминафиналето во Лигата на Европа, а со победа вечерва во реваншот на „Џузепе Меаца“ Бундеслигашот си обезбеди настап во следната нокаут-фаза.
Лука Јовиќ со маестрален потег и лоб во петтата минута е единствениот стрелец на гол на двомечот меѓу двата состави, доволно за Ајнтрахт да игра во четвртфиналето.
Понатаму оди и Арсенал по триумфот од 3-0 во Лондон, а против Рен анулирана беше негативата од 1-3 на првиот меч. Обамејанг со гол во петтата минута најави успех, а тој стави и печат на триумфот од 3-0 за пласман понатаму. Претходно и Мејтланд-Најлс постигна гол за успешен од на Арсенал.
Вилјареал по вторпат го победи Зенит, вечерва со 2-1 и со вкупен резултат од 5-2 мина понатаму.
Спарта во Прага игра продолженија против Севилја, отккао и вечерва како и на „Рамон Санчес Писхуан“ беше 2-2, а дополнителни 30 минути, можеби и пенали ќе има и во Португалија, на дуелот меѓу Бенфика и Динамо Загреб. Вечерва по 90 минути победи Бенфика со голот на Жонас, на „Максимир“ беше идентично, но во корист на Динамо, па веќе се игра дополнителното време.