Подвиг на Ботафого: Ја освоија Копа Либертадорес иако имаа играч помалку дури 88 минути (Видео)

Ботафого за првпат во својата историја стана шампион на Јужна Америка, откако во финалето на Копа Либертадорес го совладаа Атлетико Минеиро со 3-1. Победата на Ботафого е уште поголема ако се знае дека играа со фудбалер помалку цели 88 минути.

Грегоре направи остар старт уште во 30-тата секунда, па веднаш беше исклучен, но тоа не им пречеше на неговите соиграчи да направат подвиг и да дојдат до првиот трофеј во првото финале.

Луис Енрике во 35-тата минута донесе водство за новиот владетел на Јужна Америка, а Телес во 44-тата минута од пенал зголеми на 2-0. На стартот од второто полувреме Едуардо Варгас погоди за намалување на водството и внесе неизвесност во мечот.

Сепак, Жуниор Сантош во 97-мата минута ја искористи комплетната офанзива на Атлетико Минеиро и постигна гол за конечни 3-1.

- Оглас -

Најнови вести