Подвиг на Матка – 14-годишниот Ангелче Петрушевски победник во кајак К-1

Ангелче Петрушевски приреди голем подвиг со победа на Илинденскиот Кајак слалом на Матка и во категоријата Кајак К-1 го освои првото место со време од 102,16 секунди.

Петрушевски има само 14 години, а е член на велешкиот клуб Вардар и успеа убедливо да ги остави конкурентите зад себе. Второпласираниот Милош Јевтиќ од Србија доцнеше за две и пол секунди, а третопласиран е Борче Мирчевски од Бабуна Велес.

Во Ц1 во машка конкуренција прв низ целта мина Панајотис Зисекас од Грција пред српските претставници Горан Јовановиќ и Павле Здравковиќ.

Кај дамите во Кајак К-1 победи Кристина Петровиќ од Србија, пред Барте Зиликауте од Литванија и нејзината сонародничка Вероника Саласевичиуте.

- Оглас -

Најнови вести