Македонскиот претставник Виктор Давидовски победи на втората трка на патеката „Пол Рикард“ во Ле Кастелет, место блиску до Марсеј во Франција.
Давидовски беше најбрз на втората трка, откако вчера беше шестти во првиот циклус на натпревари на познатата патека.
Нашиот претставник денеска беша најбрз и Македонија за првпат има победник во натпреварите на ТЦР Европа.
Со победата освои 40 поени и со вкупно 78 поени, Давидовски се проби во Топ-10 во Генералниот пласман по две трки во ТЦР Европа.
Комплетниот циклус е со 7 трки, а следен домаќин на најдобрите возачи во ТЦР Европа натпреварите ќе биде Белгија.

