Морнар од Бар е единствениот тим против кого МЗТ Скопје Аеродром одиграл барем четири натпревари во АБА-лигата, а нема пораз од македонскиот претставник во јадранското друштво.
Затоа Штрковите се наострени вечерва од 18 часот на дуелот во СЦ „Јане Сандански“ да ја прекинат таа непријатна традиција против тимот од црногорскиот пристанишен град.
Можеби клучот за победа на МЗТ е во одбраната против Дерон Расел, Американецот кој блесна на стартот на сезонава, против Задар уфрли, 47 поени што е нов рекорд на АБА-лигата, но на последните две средби „крена рачна“ и постигна вкупно 24 поени, па просекот му падна на 29,4 по меч.
Морнар има три порази по ред, но тоа треба да залаже, тој е благ фаворит на хартија според квотите во Sport Life, па ако верувате во победа на МЗТ, може убаво да заработите.
Може да се обложите и на број на поени на поединци. Од МЗТ може да погодувате колку поени ќе дадат Кафи, Ајви, Миќовиќ и Војдан Стојановски, а од Морнар во понудата на Sport Life се најдоа Михаиловиќ, Расел и Пецарски. Хендикеп границата кај Расел е 25,5 поени.