Елиф Елмас многу добро се вклопи во тимот на Торино. Македонскиот репрезентативец играше на три меча, на теренот помина околу 180 минути во кои постигна два гола. Тренерот Паоло Ваноли има пофални зборови за Елмас, но додаде дека од него очекува да биде уште подобар, да напредува и да игра уште подобро.
“Јас сум задоволен од него, од тоа што покажува, но сметам дека може да биде уште подобар. Прашање е дали е во форма. Секако дека очекував придонес од него, тој е одличен фудбалер со одлична техника, и затоа на моменти изгледа дека не трча премногу“ рече тренерот Ваноли.
Следниот предизвик за Торино е гостувањето кај Парма во меч од 28 коло. Торино моментално е на 11 место на табелата со 34 бодови, додека Парма е на 17 позиција со 23 бодови.