Погачар како од друга планета, ја уништува конкуренцијата на Тур де Франс

Победата на денешната кралска етапа, потврди дека Словенецот Тадеј Погачар е неприкосновен на годинешниот Тур де Франс, и в недела речиси сигурно ќе се закити со третиот шампионски трофеј на најпрестижната велосипедска трка на светот.

Погачар сега има предност од 5 минути и три секунди во однос на Данецот Јонас Вингегорд кој го освојуваше Тур лани и преклани.

До крајот останаа уште само две етапи, едната планинска, другата е хронометар (за првпат после 35 години последната етапа нема да има цел во Париз), но пет минути е голема предност која Погачар може да ја загуби само ако му се случи некој огромен пех.

- Оглас -

Најнови вести