Пол Погба ги демантираше информациите дека ќе се повлече од репрезентацијата на Франција откако претседателот Емануел Макрон посочи криза во исламот.
Погба упати директни критики кон „Сан“, реномираниот англиски весник кој се повикуваше на извори од арапските медиуми.
„’Сан’ повторно го направи истото… Објави неточна вест поврзана со мене во која беа истакнати мои изјави, кои пак ниту сум ги кажал, ниту имам таков став. Шокиран сум, воедно сум многу лут што се шират вакви 100% неточни вести и на ваков начин ме користат за да имаат ударни насловни страници. Жално е што некои новинари воопшто не одговараат за злоупотребата на медиумите во случаи кога објавуваат вакви непроверени информации. За оваа дезинформација ќе преземам правни мерки против оние кои ја објавија веста, како и против оние кои успешно ги раширија 100% лажните вести“, напиша Погба на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
So The Sun did it again… absolutely 100% unfounded news about me are going around, stating things I have never said or thought. I am appalled, angry, shocked and frustrated some “media” sources use me to make total fake headlines in the sensible subject of French current events and adding the French National Team to the pot. I am against any and all forms of terror and violence. Unfortunately, some press people don’t act responsibly when writing the news, abusing their press freedom, not verifying if what they write/reproduce is true, creating a gossip chain without caring it affects people’s lives and my life. I am taking legal action against the publishers and spreaders of these 100% Fake News. In a quick shout out to The Sun, who normally could not care less: some of you guys probably went to school and will remember how your teacher said to always check your sources, don’t write without making sure. But hey, seems you did it again and in a very serious topic this time, shame on you! #fakenews #AllezLesBleus @emmanuelmacron @equipedefrance
A post shared by Paul Labile Pogba (@paulpogba) on Oct 26, 2020 at 5:20am PDT