Пол Погба ќе потпише нов договор со екипата на Манчестер јунајтед и со тоа ќе стане еден од најдобро платените играчи во овој спорт.
Французинот во моментов со Црвените ѓаволи има актуелен договор до наредното лето и има неделни примања од околу 340 илјади евра.
Сепак, угледниот француски весник „Л’Екип“ вели дека со новиот договор, кој ќе биде со времетраење до 2024, тој ќе зема над 500 илјади евра за седум дена, односно чисти околу 27 милиони евра на годишно ниво.
Иако Погба се најавуваше дека е на излезни врати бидејќи имаше интерес од Реал Мадрид и ПСЖ, сепак, доаѓањето на Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо го премислија затоа што тимот од Манчестер покажа шампионски амбиции.