Погба е подготвен да оди во Саудиска Арабија, на маса има неверојатна понуда

Ал-Итихад од Саудиска Арабија му нуди на Пол Погба тригодишен договор со кој би заработил вкупно 128 милиони евра. Фудбалерот кој минатата сезона имаше само 10 настапи за Јувентус, или вкупно на теренот мина само 161 минута, сега е расположен за ваков трансфер.

Репрезентативецот на Франција минатото лето потпиша нов, четиригодишен договор со Јувентус, но целата сезона имаше големи проблеми со повредите. Неговата моментална вредност е 15 милиони евра, а клубот од Торино е подготвен да го продаде за 10 милиони евра, сума што нема да биде проблем за саудискиот Ал-Итихад.

Според сегашниот договор, Погба во Јувентус заработува по 8 милиони евра годишно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести