Погба ги користи петте минути слава: Бара поголема плата од Јунајтед

Пол Погба беше еден од играчите кои го предводеше судирот меѓу тимот и Жозе Мурињо. На крајот, тој ја доби битката, Мурињо доби отказ, а под водство на Оле Гунар Солскјер, Французинот почна да игра брилијатно. Токму поради пронаоѓање на формата, Погба сака да ја искористи ситуацијата така што неговиот агент Мино Рајола ќе се обиде да изнуди побогат договор за фудбалерот.

Имено, Погба сака зголемување на платата, која на неделно ниво изнесува 290.000 фунти, за да остане на „Олд Трафорд“. Засега не е познато дали Французинот сака да заработува исто колку и најплатениот фудбалер Алексис Санчес (400.000 фунти неделно) или, пак, ќе бара да ја надмине таа сума и тој да го добие статусот на најплатен играч во составот.

Доколку раководството одлучи да му ја исполни желбата на Погба, во соблекувалната може да настане бунт, односно и другите клучни играчи да бараат зголемување на заработувачката.

- Оглас -

Најнови вести